Мешајте бои онлајн и создавајте квалитетни уредувања со Picsart
Алатка за мешање бои со сè што ви е потребно за да создавате впечатливи визуелни трансформации.
Не можете да изберете? Пробајте некоја од овие
Дали некогаш сте погледнале фотографија што сте ја направиле и сте почувствувале дека ѝ недостига нешто посебно? Можеби натприроден изглед или уметничка естетика што не може да се долови во вистинскиот живот? Тука можат да помогнат режимите за мешање. Со алатката за мешање можете да комбинирате повеќе слики и да ги спојувате боите за да создадете сосема нови и уникатни креации. Тие можат да ги претворат секојдневните фотографии во уметнички дела. Picsart нуди лесна за користење алатка за мешање, со која лесно ќе совладаат и почетниците, за да создаваат слики со споени бои како искусни фотографи.
Мешајте бои и создадете нешто прекрасно
Имате фотографија од градскиот хоризонт направена во облачен, сив ден? Црно-бела слика што сакате да ја обоите? Тоа е совршена причина да ги споите слоевите и да ги трансформирате фотографиите. Осветлете ја или затемнете ја омилената фотографија, преклопете слики за да создадете уметничка естетика или едноставно експериментирајте со комбинирање снимки за да создадете нешто уникатно. Можностите за уметничко мешање бои се бескрајни, а сето тоа лесно се постигнува.
- Комбинирај фотографии во нова композиција

Мешањето бои е лесно
Не ви е потребно искуство во графички дизајн или професионално фотографирање. Picsart го прави сето тоа едноставно — само посочете и изберете меѓу режимите за мешање. Со еден клик ќе создадете нови дела што можете да ги преземете и испечатите или да ги објавите на социјалните мрежи. Само отворете ја алатката за мешање, изберете од различните опции и уредувајте ја сликата додека не го добиете посакуваниот резултат. Алатката за мешање ја завршува целата тешка работа.

Сите начини на мешање бои што ви се потребни
Алатката за мешање на Picsart нуди различни методи за да ја претворите секоја снимка во нешто ново и впечатливо. Затемнете или осветлете слика, експериментирајте со мека или силна светлина, преклопете фотографии за да создадете впечатлив спој и уште многу други работи. Без разлика дали имате конкретни комбинации на бои што сакате да ги испробате или барате инспирација, библиотеката со режими за мешање има сè што ви е потребно.
- Избери како боите комуницираат

Лесно уредување и приспособување
Покрај алатките за мешање бои, ви се достапни и многу алатки за уредување и приспособување, со кои можете уште повеќе да ја подобрите сликата. Променете го распоредот. Додајте или уредете текст. Создајте ефекти на двојна експозиција. Додајте шарени налепници. Променете ги или отстранете ги заднините. Изменете го небото и сè друго што ќе ви текне. Сите алатки за приспособување и уредување што ви се потребни ви се достапни тука.

Како да ја користите алатката за мешање бои?
Алатка за мешање бои со многу корисни функции
Спојте слики со еден клик
Толку е едноставно. Откако ќе ја поставите сликата во уредувачот, кликнете на алатката за мешање за да ги видите различните режими за мешање бои. Испробајте ги со еден клик.
Целосно бесплатно
Оваа алатка за мешање бои е 100% бесплатна за користење, исто како и многуте други достапни функции за уредување и графика.
Алатки за приспособување што ви се потребни
Од промена и отстранување заднини до преклопување слики, режимите за мешање ви помагаат да ја создадете совршената слика за секоја намена.
Различни техники за мешање бои што можете да ги испробате
Какви и комбинации на бои да барате, Picsart ги има потребните алатки. Променете ја светлината, нијансата, заситеноста и многу повеќе за да трансформирате која било слика.
Преземете во висока резолуција
Кога ќе завршите со мешањето бои, едноставно преземете ја сликата — подготвена за печатење или споделување за само неколку минути.
Често поставувани прашања за мешање бои
Алатката за мешање бои ви овозможува да комбинирате бои од различни слики. Тоа можете да го направите со преклопување слики, приспособување на нијансата, светлината и заситеноста, како и со менување други елементи на бојата, за да создадете сосема нова верзија на која било слика.
За Picsart пишувале
Мешајте бои за усовршени дизајни и креативни проекти
Pro
Most popularAI tools for everyday creative work.
Ultra
Most powerfulHeavy AI usage for creators & teams.




